Како предупредување

Северна Кореја тестираше нови „супермоќни“ балистички ракети

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја надгледуваше демонстрацијата на новите балистички ракети со краток домет за да ја предупреди Јужна Кореја да престане да увезува високо технолошко оружје и да спроведува заеднички воени вежби, соопшти во петокот официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА.

Северна Кореја во четвртокот тестираше две нови балистички ракети со краток дострел, објавија јужнокорејските власти. Тоа беше прв ракетен тест откако Ким и американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец се согласија да ги оживеат разговорите за денуклеаризација.

Во извештајот на КЦНА не се спомнува Трамп или САД, но се наведува дека Ким ги критикувал властите на Јужна Кореја заради продолжувањето на заедничките вежби кои најчесто се спроведуваат со американските трупи.

„Принудени сме да продолжиме да развиваме супер-моќни системи на вооружување за да ги елиминираме потенцијалните и директните закани за нашата национална безбедност на југ“, рече Ким.

Ја обвини Јужна Кореја за дволичност затоа што велат дека се залагаат за мир, а во исто време увезуваат ново оружје и изведуваат воени вежби. Јужнокорејскиот лидер би требало да ги прекине таквите „самоубиствени акции“ и „не би требало да погреши игнорирајќи го предупредувањето“, порача Ким.

Тој изрази задоволство од брзиот одговор и траекторијата на новите балистички ракети на мали височини, за кои рече дека ќе биде тешко да се пресретнат.

Јужна Кореја, која ги поддржува напорите на Северна Кореја и САД да се стави крај на повеќегодишното непријателство, во четвртокот го повика Пјонгјанг да запре со делата кои не помагаат за ублажување на тензиите и предупреди дека тестовите претставуваат воена закана. Американскиот Стејт департмент го повика Пјонгјанг да се воздржи од понатамошни провокации и изрази надеж дека разговорите за денуклеаризација на Северна Кореја ќе продолжат.

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе