Северна Кореја: Тестиран е првиот сомнителен случај, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот пациент за кој постои сомнеж дека е заразен со коронавирусот, но резултатите не се јасни, изјави претставникот на СЗО во таа земја.

Д-р Едвин Саладор рече дека Министерството за јавно здравје на Северна Кореја ја известило СЗО дека има сомнителен случај на ковид-19 во градот Кесонг.

СЗО не спроведе тестирање во Северна Кореја, пренесува Си-ен-ен.

Салвадор не објасни подетално зошто резултатите од тестот се сметаат за нецелосни.

Тој за медиумот рекол дека СЗО побарала од Северна Кореја да ги сподели информациите за сомнителниот случај на коронавирус.

Во тек е масовна потрага по контактите на лицето за кое постои сомневање дека е заразено, а идентификувани се 64 „први контакти“ и 3.571 „секундарен контакт“.

Според соопштението, тие ќе бидат ставени во карантин 40 дена во државни објекти.

Во градот Кесонг од 19 јули се во сила мерките карантин, а се следат и контактите на граѓаните што патувале надвор од градот во периодот од 19 до 24 јули.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе