Вршат притисок врз САД?

Северна Кореја тестирала „ново модерно тактичко оружје“ (ВИДЕО)

Севернокорејските медиуми јавија дека нивниот лидер Ким Џонг Ун го посетил местото каде што се тестира ново тактичко оружје со кое се „покажуваат брзорастечките одбранбени можности“.

Ова е прво спомнување на развој на нови оружја во Северна Кореја од почетокот на годинава, а се заканува да ја влоши политичката атмосфера во преговорите меѓу Пјонгјанг и Вашингтон.

„Денешните резултатите ја покажуваат оправданоста на партиската политика која се фокусира на развојот на науката и технологијата за да се одбраниме, а така на сите во регионотт им ги покажавме своите брзорастечки одбранбени капацитети“, изјави Ким.

Според севернокоресјата новинска агенција КЦНА, новото оруѓје треба да ја штити државата како „челичен ѕид“.

Единствената фотографија која севернокорејската агенција ја објави го покажува Ким на плажа опкружен од офицери во воени униформи, но на неа нема никакво оружје.

Вашингтон ја критикуваше објавата со кратко соопштение во кое се наведува дека „останува уверен дека ветувањата кои ги дадоа претседателите Ким и Трамп ќе се исполнат“, алудирајќи на нивната средба во Сингапур во јуни, кога се договорија да работат на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе