Северна Кореја соопшти дека истрелала хиперсоничен проектил

Северна Кореја изврши тест оваа недела и истрела „хиперсоничен проектил кој успешно ја погоди целта", а сè е дел од аспирациите на земјата да постигне нови воени способности бидејќи преговорите за денуклеаризација се во застој, објави во четвртокот државната новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Северна Кореја во средата лансираше проектил за прв пат од октомври, што предизвика силни критики од САД, Јужна Кореја и Јапонија.

За разлика од балистичките проектили кои летаат во вселената пред да се вратат во својата остра траекторија, хиперсоничното оружје лета кон цели на помали височини и можат да достигнат брзина пет пати поголема од брзината на звукот, односно 6.200 километри на час.

„Последователните успеси во пробните лансирања во секторот на хиперсонични проектили се од стратешко значење бидејќи ја забрзуваат модернизацијата на стратешките вооружени сили на државата“, се вели во извештајот на КЦНА.

Проектил е истрелан во морето источно од полуостровот, соопштија утринава командантите на штабот на Јужна Кореја, без да дадат повеќе детали.

Северна Кореја во 2021 година објави дека успешно тестирала нов тип на балистичка ракета истрелана од подморница.

Овој нов обид дојде откако Северна Кореја не одговори на повикот на Вашингтон за преговори.

За време на важен состанок на владејачката партија минатата недела, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун потврди дека сака да ги зајакне воените капацитети на својата земја, и покрај меѓународните санкции.

Преговорите со Соединетите Држави се во застој откако во 2019 година пропадна средбата меѓу Ким Џонг Ун и тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Откако Џо Бајден дојде на власт, САД неколку пати изјавија дека се подготвени да се сретнат со севернокорејските претставници. Но, Пјонгјанг досега ја отфрлаше понудата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе