Северна Кореја смета дека нема изгледи за нови преговори со САД

Северна Кореја ги потона надежите дека преговорите со САД за нејзината нуклеарна програма наскоро ќе продолжат.

Фото: ЕПА

Првиот заменик министер за надворешни работи Чое Сон-Хуи, во саботата изјави дека Вашингтон го користи дијалогот со Пјонгјанг „само како средство за решавање на своите политички кризи“.

„Не чувствуваме никаква потреба да седиме очи в очи со САД“, рече тој, како што објавија севернокорејските медиуми.

Чое ги коментираше шпекулациите дека нов самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја ќе се одржи пред американските избори предвидени за ноември.

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин повторно е предложен за посредник. За време на видео самитот со Европската унија во вторникот, тој рече дека сака да стори сè што може за самитот Северна Кореја-САД да се организира пред американските избори, соопштија официјални лица од неговата канцеларија.

Поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон изјави дека Трамп ќе се сретне со Ким непосредно пред изборите, доколку верува дека тоа ќе му помогне да освои уште еден претседателски мандат.

„Постојат дури и некои сонувачи кои се надеваат дека ќе влијаат врз нашите мерки за денуклеаризација за условно укинување на санкциите, истовремено будејќи ги надежите за ‘октомвриско изненадување’“, рече Чое.

„Соединетите Држави грешат ако мислат дека работите како преговори ќе продолжат да влијаат врз нас“.

Северна Кореја е под строги меѓународни санкции поради својата нуклеарна програма.

Нуклеарните преговори со САД не продолжија откако не успеа самитот Трамп-Ким во Виетнам во февруари 2019 година.

Пјонгјанг од тогаш постојано повторува дека не е заинтересиран за нови разговори сè додека Вашингтон не изнесе нови предлози.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе