Северна Кореја се заканува со прекин на дијалогот со САД

Северна Кореја се закани со прекин на дијалогот со САД откако американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео кажа дека едвај чека преговорите повторно да почнат.

„Слушајќи ги комичните изјави на Мајк Помпео, ни дојде да ја отфрлиме секоја надеж за обновување на дијалогот“, изјави севернокорејскиот функционер задолжен за преговорите.

„Ќе го зацртаме самите својот пат“, изјави неименуваниот функционер за државната новинска агенција КЦНА.

Минатата недела шефот на американската дипломатија ја повика меѓународната заедница да остане решителна во примената на дипломатските и економските санкции поради севернокорејската програма на балистички проектили, а истовремени повика и враќање на преговорите.

Пјонгјанг во понеделникот тестираше „супер голем“ повеќецевен ракетен лансер, а ден претходно лансираше два балистички проектили со краток дострел во Јапонското Море. Тоа беше четврто тестирање на Пјонгјанг овој месец по тримесечна пауза.

Преговорите меѓу Северна Кореја и САД за нуклеарното прашање заглавија во ќорсокак. Вашингтон сепак на изолираната азиска земја ѝ понуди помош во справувањето со коронавирусот.

Аналитичарите тврдат дека Пјонгјанг, и покрај осудите и санкциите од меѓународната заедница, полека ги пополнува своите воени капацитети.

Севернокорејскиот функционер го обвини Помпео дека „ја навредува земјата со која неговиот претседател, Доналд Трамп, сака да има добри односи“, алудирајќи на писмото на Трамп до Ким Џонг Ун во кое му нуди соработка во борбата против ковид-19.

Помпео за јужнокорејската агенција Јонхап кажа дека неговата изјава е во согласност со насоките на претседателот Трамп, објаснувајќи дека американската страна вредно работи на обновувањето на преговорите, но дека санкциите, и американските и тие на Советот за безбедност на ОН, ќе продолжат да се применуваат.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе