Северна Кореја се закани дека ќе продолжи со нуклеарните тестови

Северна Кореја соопшти дека општата осуда на нејзините тестови на оружје ја смета за „голема провокација“ и се закани дека ќе продолжи со нуклеарни и ракетни тестови.

„Нашето трпение има граници“, а осудата ја навела Северна Кореја да се преиспита дали да го продолжи разоружувањето, кое го почна заради градење доверба со САД, се вели во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Европските земји во Советот за безбедност на ООН во вторникот го осудија неодамнешното тестирање балистички ракети и друго оружје во Северна Кореја, пренесува Ројтерс.

Нуклеарните разговори меѓу САД и Северна Кореја во текот на викендот завршија без успех.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе