Северна Кореја се закани дека ќе ја „потопи“ Јапонија, а САД ќе ги срамне во „пепел и темнина“

Севернокорејската државна агенција во четвртокот се закани дека ќе го искористи нуклеарното оружје за да ја „потопи" Јапонија и да ги срамне САД до „пепел и темнина" затоа што ја поддржаа резолуцијата и санкциите на Советот за безбедност на ОН заради нејзиниот последен нуклеарен тест.

Азија-Пацифичкиот комитет на Пјонгјанг, кој се занимава со надворешните врски и пропаганда на Северна Кореја, исто така, повика за распад на Советот за безбедност, кој го нарече „алатка на злото“ составен од земји „подмитувани со пари“ кои делуваат по наредба на САД, пренесе Ројтерс.

„Четирите острови на архипелагот треба да се потопат во море со нуклеарната бомба на Џуче. Јапонија не е веќе потребна да егзистира во наша близина“, се вели во соопштението на комитетот пренесено од официјалната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА.

Џуче е владејачката идеологија на Северна Кореја, која го меша марксизмот и екстремната форма на осамен национализам проповедан од основачот на државата Ким Ил Сунг дедото на актуелниот лидер Ким Јонг Ун.

Регионалните тензии се зголемија значително, кога изолираната Северна Кореја го спроведе својот шести, и далеку најмоќен нуклеарен тест на 3 септември.

15 члениот Совет за безбедност едногласно ја изгласа резолуцијата изготвена од САД и новата рунда санкции во понеделникот како одговор, забранувајќи го текстилниот извоз на Северна Кореја што е втор по големина по извозот на јаглен и минерал, и ограничувајќи го снабдувањето со гориво.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе