Северна Кореја се повлекува од канцеларијата за врски со Јужна Кореја

Северна Кореја се повлече од меѓукорејската канцеларија за врски отворена минатата година во севернокорејскиот пограничен град Каесонг за да се охрабрат разговорите меѓу двете Кореи, јави Би-би-си.

Јужнокорејското министерство за обединување соопшти дека во петокот наутро се контактирани и информирани дека персоналот на Северна Кореја ќе замине подоцна во текот на денот.

Сеул изрази жалење поради таквата одлука и ги повика севернокорејските претставници да се вратат што е можно поскоро.

Официјални лица од двете Кореи се немаат состанато од вториот неуспешен самит меѓу САД и Северна Кореја, односно нивните лидери, Доналд Трамп и Ким Џонг Ун.

Канцеларијата за врски свечено отворена во септември 2018 година, се наоѓа на севернокорејската страна на милитаризираната граница, им овозможи на службениците од двете Кореи редовно да комуницираат за првпат по Корејската војна.

Повлекувањето на Северна Кореја е огромен неуспех за претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин, вели дописничката на Би-би-си од Сеул.

Мун се надеваше дека неговите дипломатски односи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се доволно напреднати да ги издржат сите проблеми меѓу Северна Кореја и САД, вели таа. Но, изгледа Пјонгјанг не го смета истото.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе