Северна Кореја: САД треба „да го држат јазикот за заби“ доколку сакаат успешни избори

Северна Кореја во четвртокот соопшти дека Вашингтон не треба да се меша во меѓукорејските прашања ако сака успешно да одржи претседателски избори откако САД изразија жалење поради нејзината одлука за прекинување на врските со Јужна Кореја.

Фото: ЕПА

„Смачено ми е од дволичноста на САД, кои се желни да ги запрат меѓукорејските односи кога покажуваат знаци на напредок, но делуваат кога се чини дека се влошуваат“, изјави во интервју за КЦНА Квон Јонг Ган, генералниот директор за севернокорејски односи со САД при Министерството за надворешни работи.

Американците треба „да го држат јазикот за заби“ и да се занимаваат првенствено со своите внатрешни работи“, доколку не сакаат да доживеат „нешто страшно“, пренесе Ројтерс.

„Не само што ова би било во интерес на Соединетите Држави, туку ќе биде корисно и за успешни престојни претседателски избори“, рече Квон.

Изјавата уследи откако американскиот Стејт департмент соопшти дека е разочаран од одлуката на Северна Кореја во вторникот да ги прекине комуникациите со Јужна Кореја.

„Ако Соединетите Држави го буткаат носот во туѓите работи со невнимателни изјави наместо да се занимаваат со внатрешните работи, во време кога нивната политичка состојба е во најлоша можна неизвесност, тие би можеле да се соочат со непријатности со кои ќе им биде тешко да се справат“, рече Квон Јонг Гун.

Не е јасно што би требало да направи Северна Кореја за да ги наруши изборите или да предизвика проблеми за кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, рече Џејмс Ким од Институтот за политички студии Асан во Сеул.

Заканата од Северна Кореја е упатена два дена пред втората годишнина од историскиот самит меѓу лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур.

Освен неговото симболично значење, овој состанок даде само една многу нејасна декларација за денуклеаризација на корејскиот полуостров.

Но, преговорите за денуклеаризација се во застој по фијаското на вториот самит во февруари 2019 година во Ханој.

Американците имаат околу 28.500 војници трајно стационирани во Јужна Кореја за да го заштитат својот сојузник од заканата на Северна Кореја.

Пјонгјанг е под бројни санкции од Советот за безбедност заради своите нуклеарни и балистички програми.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе