Податоци во кои поприлично се сомнева

Северна Кореја пријави дека и понатаму нема случаи на зараза: Совршено успеваме да го спречиме влезот

Северна Кореја и во најновиот извештај до Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека нема случаи на зараза со ковид-19 во земјата и дека совршено успева да го спречи влегувањето на вирусот.

EPA-EFE

На почетокот на пандемијата пред повеќе од една година изолираната држава ги опиша своите напори да го спречи влегувањето на вирусот како „прашање на национален опстанок“.

Ги затвори границите, забрани доаѓање на туристи а ја напуштија странски дипломати.

Земјата и понатаму строго го ограничува прекуграничниот сообраќај и држи во карантин десетици илјади луѓе со симптоми на зараза.

Меѓутоа, Пјонгјанг тврди дека не откриле ниту еден случај на ковид-19, во што наголемо се сомнева имајќи ја предвид слабата здравствена инфраструктура и порозната граница со Кина која економски ја издржува, пренесува Асошиејтед прес.

Во мејлот испратен денес до агенцијата АП, Едвин Салвадор, претставникот на СЗО во Северна Кореја наведе дека таа земја пријавила дека тестирала 23.121 лица за коронавирусот од почетокот на пандемијата до 1 април и дека сите резултати биле негативни.

Претставниците на СЗО кажаа дека Северна Кореја повеќе не го пријавува бројот на луѓето кои ги става во карантин со сомнителни симптоми.

Северна Кореја вчера соопшти дека нема да учествува на летните Олимписки игри во Токио за да ги заштити спортистите од светската здравствена криза предизвикана од ковид-19.

Програмата Ковакс на ОН за обезбедување вакцини против ковид-19 на сиромашните земји низ светот соопшти во февруари дека Северна Кореја би можела да добие 1,9 милиони вакцини во првата половина на оваа година.

Меѓутоа Ковакс укажа и на глобалниот недостиг од вакцини затоа што индискиот институт кој има дозвола да ја произведува вакцината на Астра Зенека го пренасочи своето производство за локална употреба во Индија каде расте бројот на заразените со коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе