По големите американски воени вежби

Северна Кореја предупреди дека избувнувањето војна е „факт“

Пјонгјанг редовно ги осудува воздушните вежби како провокации.

Големите воени вежби спроведени од страна на САД и Јужна Кореја и заканите на САД за превентивна војна против Пјонгјанг доведоа избувнувањето на војната на Корејскиот полуостров да стане „факт“, објави Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, пренесе Индепендент.

Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи, исто така, ги обвини „конфронтирачките агресивни“ забелешки на американските официјални претставници што го туркаат полуостровот на работ на војна.

„Прашањето што преостанува е: кога ќе избие војната?“, изјави вчера портпаролот, а пренесе официјалната новинска агенција на Северна Кореја, КЦНА.

„Не сакаме војна, но нема да се криеме од неа“, рече тој.

Тензиите на Корејскиот полуостров значително се зголемија во последниве неколку месеци по последниот ракетен и нуклеарен тест на Северна Кореја, спроведени во спротивност со меѓународниот притисок и резолуциите на Обединетите нации.

Северна Кореја минатата недела објави дека ја тестирала најнапредната интерконтинентална балистичка ракета, што може да стигне до САД.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе