За помалку од една недела

Северна Кореја повторно лансираше 2 ракети од својот источен брег

Две ракети се испукани од лансирниот пункт на полуостровот Ходо, во источниот дел на Северна Кореја, соопшти јужнокорејската војска. За проектилите се верува дека се балистички ракети со краток дострел.

Лансирањето е одржано рано наутро во средата, јави Јонхап повикувајќи се на јужнокорејскиот Здружен генералштаб (ЈСЦ). ЈСЦ соопшти дека ракетите биле тестирани на растојание од 20 минути од областа Вонсон. И двете летале околу 250 километри, на надморска височина од околу 30 километри пред да се урнат во морето.

Додека првично беше објавено дека е можно ракетите да се од нов вид какви досега никогаш не развила Северна Кореја, официјален претставник на ЈЦД подоцна изјави дека се чини дека проектилите се слични на оние кои Пјонгјанг ги лансираше минатата недела. Јужнокорејската војска сега ја проучува траекторијата на летот за да ги идентификува.

Властите во Сеул го свикаа Советот за национална безбедност (НСЦ) за да го испита инцидентот.

ЈЦД соопшти дека јужнокорејската војска одржува „состојба на готовност“ во случај на други идни лансирања.

Новите ракетни тестови следат по помалку од една недела откако Пјонгјанг тестираше неколку балистички ракети со краток дострел. Северна Кореја ги претстави како „ново тактичко водено оружје“, ракетите летаа околу 430 километри пред да се срушат во Јапонско Море.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе