Северна Кореја потврди дека истрелала балистички проектил од подморница

Откако Северна Кореја потврди дека истрелала нов пробен балистички проектил од подморница, за денеска е свикана вонредна седница на Советот за безбедност на ОН на барање на Велика Британија и САД.

Фото: ЕПА

Уште вчера, јужнокорејската војска објави дека на својот источен брег забележала дека од севернокорејска подморница е истрелан пробен проектил.

Како што објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА, станува збор за „нов тип“ на балистички проектил што може да се истрела од подморница.

„Новиот тип на проектил има напредна контрола на водење што вклучува и странична мобилност, како и способност да се заобиколат пречки, а ова во голема мера ќе помогне да се подигне одбранбената технологија на нашата земја на повисоко ниво, како и да се зајакне подводната оперативна способност на нашата морнарица“, соопшти КЦНА.

Овие проектили имаат пократок дострел од претходната верзија, но се потенки што значи дека повеќе од нив може да бидат складирани на подморница.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе