Северна Кореја потврди дека испука проектил од подморница

Северна Кореја објави дека успешно лансирала нов балистички проектил (СЛБМ) од подморница за да ја зајакне својата одбрана и да ги одврати заканите од странство, пред најавените нуклеарни преговори со САД.

Лансирањето на проектилот кое се случи во средата е досега најпровокативниот чин на Пјонгјанг откако во 2018 беа продолжени нуклеарните преговори со САД и потсетник дека Северна Кореја агресивно го развива своето оружје, вклучувајќи ги интерконтиненталните балистички проектили, наведуваат аналитичарите.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун испрати „топли честитки“ до експертите кои го извршија тестното лансирање, објави државната агенција КЦНА, сугерирајќи дека Ким не присуствувал на тестот како што тоа беше случај со претходните тестирања на оружје.

Новиот тип на проектил, наречен „пукгуксонг-3“, „беше испукан во вертикален режим“ во водите во близина на источниот град Вонсан, објави КЦНА, потврдувајќи ги претходните извештаи на Јужна Кореја дека проектилот достигнат одалеченост од 450 километри.

Лансирањето е веројатно потсетник на Северна Кореја, кој ги одбива резолуциите на ОН за забрана на употребата на технологијата на балистички проектили како кршење на правото на самоодбрана, на капацитетите на нејзинотот оружје пред преговорите со Вашингтон, тврдат аналитичарите.

Преговорите со цел сопирање на севернокорејската нуклеарна и балистичка програма се во застој од вториот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил во Виетнам во февруари, кој заврши без постигнување договор.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе