Северна Кореја погодена од најлошата суша во 100 години, милиони луѓе гладуваат (ВИДЕО)

Северна Кореја објави дека е погодена од најлошата суша во последните 100 години, откако од јануари до средината на мај паднале само 56,3 милиметри врнежи, што е најниското ниво од 1917 година.

Државниот весник Родонг синмун ги цитира метеоролошките експерти кои порачуваат дека сушата веќе има „поприлично силно влијание врз одгледувањето на пченицата, хмељот, пченката, компирот и гравот“.

Извештајот на наведува кои делови од Северна Кореја се најтешко погодени од сушата. Се прогнозира дека до крајот на месецот ќе заврне само уште два пати, што е недоволно за свртување на настанатиот тренд.

Претходно месецот Севтската програма за храна (ВФП) порача дека производството на храна во Северна Кореја паднало на најниско ниво во девет години, оставајќи притоа десет милиони луѓе во опасност од глад, освен ако не добијат меѓународна помош.

Во извештајот е објавено дека во некои рурални делови 43 отсто од луѓето се потхранети, а едно од пет деца пати од забавен раст бидејќи нема доволно храна.

Јужна Кореја на овие информации одговори дека е спремна повторно хуманитарно да им помага на отуѓените северни соседи.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе