Северна Кореја пак испука балистички ракети

Северна Кореја третпат во еден месец испука проектили за кои се верува дека се балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска.

Фото: скриншот

Се верува дека две балистички ракети со краток дострел биле испукани кон исток од провинцијата Северен Пјонган на северозападниот брег на Северна Кореја. Севернокорејската агенција КЦНА објави дека е одржана вежба за тестирање на стручноста во постапките на употребата на ракетно оружје лансирано од мобилни железнички вагони.

Претходните две лансирања го вклучија она што државните медиуми го нарекоа „хиперсонични проектили“, способни за големи брзини и маневрирање по лансирањето. Вежбата се случи само неколку часа откако Пјонгјанг го осуди американското барање нови санкции од ОН поради неодамнешните лансирања, кои беа оценети како провокативни.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун не присуствуваше на вежбата, а новинската агенција КЦНА јави дека е точно погодена целта поставена на источниот брег со „две тактички водени ракети“.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе