И понатаму подготвени за средба

Северна Кореја: Одлуката на Трамп не е во склад со желбите на светот

По одлуката на американскиот претседател да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг велат дека и понатаму се подготвени за средба.

Севернокорејската агенција КЦНА наведе дека Ким Џонг Ун направил крајни напори да се реализира средбата со Доналд Трамп, пренесе Ројтерс.

Пјонгјанг, проценува и дека одлуката на Трамп да ја откаже средбата планирана да се одржи на 12 јуни во Сингапур, не е во согласност со „желбите на светот“.

Американскиот претседател вчера одлучи да ја откаже средбата со севернокорејскиот лидер, а за таквата одлука го обвини Пјонгјанг. Тој предупреди и дека американската војска е „подготвена ако е потребно да одговори, на неразумните дејства“ на Северна Кореја.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе