Северна Кореја одби преговори со САД: „Бајден го навреди Ким Џонг Ун“

Северна Кореја ја оцени денес американската дипломатија како лажна и ја одби понудата за преговори со Вашингтон, јави државната севернокорејска новинска агенција.

EPA-EFE

Изјавата доаѓа откако американската дипломатија соопшти дека претседателот Џо Бајден е за „отворена дипломатија“ со Северна Кореја во врска со денуклеаризацијата.

„Дипломатијата за Соединетите Држави составила лажен документ кој треба да ги прикрие нивните непријателски чинови“, се истакнува во соопштението на севернокорејското министерство за надворешни работи кое го пренесува агенцијата КЦНА.

Воедно се предупредува претседателот Џо Бајден дека со својот застарен став кон таа земја прави „голема грешка“.

Во посевна изјава, која исто така ја објави КЦНА, министерството го обвини американскиот претседател дека го навредил лидерот Ким Џонг Ун, додавајќи: „Доволно ги предупредувавме САД дека мора да сфатат дека ќе претрпат штета доколку нè провоцираат“.

Во средата Бајден во Конгресот кажа дека со „дипломатија и остро одвраќање“ ќе ги ограничи нуклеарните амбиции на Пјонгјанг.

Американската политика кон Северна Кореја ќе биде „одмерена, практична и отворена дипломатија“, им кажа во петокот на новинарите портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

„Нашата цел и понатаму е целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“, додаде таа.

Заземајќи се за „реален пристап“ со посредство на дипломатијата, во договор со Јужна Кореја и Јапонија, не кажа ништо за можните иницијативи кои се подготвуваат, оградувајќи се од претходните администрации.

„Нашата политика ќе биде насочена на барање на голем договор“, истакна, јасно назначувајќи промена на насоката во однос на политиката на Доналд Трамп.

„Но, исто така нема да се потпира на стратегиска трпеливост“, додаде, посочувајќи го поимот кој се користеше во мандатот Барак Обама.

Јужнокорејскиот претседател Мун Јае Ин го повика на 21 април Бајден да почне преговори со Пјонгјанг.

„За двете влади е најважно да се спремни на дијалог и што побрзо да седнат заедно“, кажа Мун кој на 21 мај треба да се сретне со американскиот претседател во Белата куќа.

Преговорите на САД и Северна Кореја се во застој по неуспехот на вториот самит на кој учествуваат Трамп и Ким Џонг Ун во Ханој, во февруари 2019, а Пјонгјанг ги продолжи нуклеарните тестирања.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе