Не сака „бесмислени разговори“

Северна Кореја нема да му „подари“ уште еден самит на Трамп

Северна Кореја соопшти дека не е заинтересирана за бесмислени разговори со САД само за претседателот Доналд Трамп да има со што да се пофали и повика на ставање крај на непријателската политика доколку САД навистина сакаат дијалог.

„Повеќе не сме заинтересирани за такви разговори во кои ништо не добиваме. Бидејќи ништо не добиваме за возврат, повеќе нема да му подаруваме на американскиот претседател нешто со што може да се пофали“, изјави поранешниот заменик министер за надворешни работи Ким Кје Гуан.

Неговиот коментар следи откако Трамп за време на викендот на Твитер објави дека исклучиво тој на Северна Кореја може да ѝ понуди светла иднина, исто како и на нејзиниот лидер кој земјата ја води со челична рака, како и неговиот татко и дедо.

„Единствен сум на власт кој може да ви овозможи да ја постигнете својата цел. Морате брзо да дејствувате и да го склучите договорот“, напиша Трамп на Твитер алудирајќи на нова средба со Ким Џонг Ун со кого досега се сретна трипати.

Ким Кје Гуан кажа дека САД мора да направат решителен потег и да се откажат од својата непријателска политика ако навистина сакаат дијалог, но не прецизираше што тоа конкретно значи.

Од вториот самит на претседателите Трамп и Ким во февруари во Виетнам, кој заврши неуспешно, не е забележан никаков напредок во преговорите на двете страни за денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров иако двајцата лидери на третата средба во јуни договорија повторно да го стартуваат преговарачкоот процес.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе