Северна Кореја негираше дека извезува оружје во Русија

Властите на Северна Кореја негираа дека испорачувале оружје на Русија, откако пред неколку недели САД објавија дека Москва бара од Пјонгјанг оружје за да ги надополни своите резерви исцрпени поради инвазијата на Украина, објавија тамошните државни медиуми.

Фото: ЕПА

„Никогаш досега не сме извезувале оружје или муниција во Русија и немаме планови да го сториме тоа“, изјави неименуван функционер на Министерството за одбрана, пренесе севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Белата куќа на почетокот на септември објави дека Русија купува артилериски гранати и ракети од Северна Кореја за војната во Украина.

Севернокорејскиот функционер кажа дека Вашингтон и „други непријателски сили шират гласини за трговија со оружје“ меѓу Северна Кореја и Русија.

„Ги предупредуваме САД да престанат да даваат непромислени изјави“, изјави тој, додавајќи дека Северна Кореја го задржува правото да извезува воена опрема.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе