Северна Кореја не се чувствува должна да ги почитува ветувањата бидејќи САД ги кршат

Северна Кореја не се чувствува повеќе обврзана да ги почитува преземените обврски, како што се прекинот на нуклеарните тестирања и тестирањата на интерконтиненталните балистички ракети, бидејќи Соединетите Американски Држави го игнорираа договорениот рок за нуклеарните преговори, изјави денес Џу Јонг Чол, советик на севернокорејската мисија при Обединетите нации, и истакна дека би можеле „да тргнат по друг пат“.

„Немаме причина да бидеме еднострано врзани со обврски кои другата страна не се труди да ги испочитува“, кажа Јонг Чол, советникот на мисијата во ОН во Женева, на конференција за демилитаризацијата под покровителство на Обединетите нации.

Зборувајќи како претставник на Демократска Народна Република Кореја (ДНРК) тој ги обвини САД дека „применуваат исклучително брутанлни и нечовечки санкции“.

„Ако САД продолжат со таквата непријателска политика кон ДНРК, никогаш нема да дојде до нуклеарно разоружување на Корејскиот Полуостров“, кажа тој.

„Ако САД се обидат да спроведат еднострани барања и продолжат со наметнувањето санкции, Северна Кореја ќе биде приморана да побара нов пат“, додаде Јонг Чол.

Северна Кореја предупреди во декември дека би можела да тргне по неодреден „нов пат“ ако САД не ги исполнат нивните очекувања околу новиот пристап во преговорите.

Американски воени команданти кажаа дека тој нов пат би можел да вклучува тестирање ракети со долг дострел кое Пјонгајнг го суспендираше во 2017 година, заедно со нуклеарните боеви глави.

Пјонгјанг одби еднострано разоружување и нема индикации дека намераваат да одат понатаму од изјавите за широка поддршка на концептот на универзално нуклеарно разоружување.

Во претходните пропаднати преговори беше кажано дека би можеле да се откажат од својот арсенал ако САД обезбедат безбедносни гаранции со повлекување на своите војници од Јужна Кореја и повлекување на таканаречените нуклеарни чадори за одвраќање од Јужна Кореја и Јапонија.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе