Трето тестирање за десет дена

Северна Кореја лансираше ракети со краток дострел

Северна Кореја спроведе ново трето тестирање на ракети со краток дострел во последниве десет дена, соопшти јужнокорејската војска, наведувајќи дека се работи за нов вид ракети.

Ракетите се лансирани во раните утрински часови од провинцијата Јужен Хамгјонг во Јапонско Море објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на командата на јужнокорејската војска.

„Ја следиме ситуацијата и одржуваме готовност“, рече командата.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Белата куќа изјави дека ситуацијата е „под контрола“ по третото лансирање на Северна Кореја во изминатите десет дена.

„Не се договоривме ништо околу ракетите со краток дострел“, додаде Трамп.

Резолуциите на ОН му забрануваат на Пјонгјанг тестирање на балистички ракети од сите домети.

Во средата Северна Кореја истрела две ракети со краток дострел од источниот брег, а на 25 јули исто така две ракети со краток дострел како предупредување за Јужна Кореја, која се подготвува во август да одржи заеднички воени вежби со САД.

САД ги отфрли сугестиите дека тие лансирања би можеле да ги загрозат плановите за обновување на преговорите на ниво на работните групи со Пјонгјанг за нуклеарната програма на земјата.

Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун се состанаа во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи кон крајот на јуни и се согласија преговорите да ги продолжат во наредните недели.

„Лидерот Ким, кога двајцата лидери се сретнаа во демилитаризираната зона, рече дека би можеле да започнат за неколку недели. Требаше малку подолго од тоа. Требаше малку да се заврши подготвителна работа“, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе