„Денуклеаризацијата не е веќе на дневен ред“

Северна Кореја: Шест европски земји играат улога на куче чувар на САД

Властите на Северна Кореја ја критикуваа Европската унија (ЕУ) бидејќи неодамна ги осуди „континуираните тестови на балистички ракети", додавајќи дека денуклеаризацијата не е веќе „на дневен ред" на преговорите со САД.

Европските членки на Советот за безбедност на ОН оваа недела ги осудија балистичките проби на Северна Кореја и додадоа дека санкциите против земјата остануваат на сила.

Белгија, Франција, Германија, Полска, Велика Британија и Естонија, која во јануари ќе стане членка на Советот за безбедност на ОН, го осудија продолжувањето на нуклеарната програма на Северна Кореја за време на состанокот одржан зад затворени врати во ОН.

„Тоа е уште една сериозна провокација против Северна Кореја“ која има право да ги зајакнува своите национални безбедносни капацитети, наведе амбасадорот на Северна Кореја при ОН Ким Сонг.

„Се прашуваме што добиваат за возврат овие шест европски земји кои во последните месеци создаваат многу проблеми во улогата на куче чувар на САД“, додаде Ким.

Осврнувајќи се на „паранојата“ на Европејците и непријателските политики на Вашингтон, Ким Сонг рече дека на неговата земја сега не ѝ се потребни „долги разговори“ со САД бидејќи „прашањето за денуклеаризација не е веќе на дневниот ред на преговорите“.

Преговорите за денуклеаризација со месеци се во застој. Северна Кореја им даде рок на САД до крај на декември да претстават „нова понуда за договор“.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе