Пјонгјанг

Северна Кореја изведе „многу значаен“ тест

Северна Кореја спроведе уште еден „многу значаен" тест на полигонот за лансирање сателити Соха, јави државната агенција КЦНА.

Според државната телевизија КЦНА, тестирањето дало резултати кои ќе помогнат во надградбата на стратешката позиција на земјата.

Не се познати детали за тестирањето, но Ројтерс истакна дека тој полигон претходно бил користен за лансирање ракети во вселената.

Аналитичарите сметаат дека е тестиран нов мотор на проектили што може да се користи за проектили со долг дострел или интерконтинентални балистички проектили.

Соха е сместена на северозападниот дел на земјата, на границата со Кина, постројката е напуштена во 2018 година.

Тестирањето е изведено во време кога Северна Кореја предупредува дека ќе тргне по нов пат поради застојот во преговорите со САД за денуклеаризација.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе