Северна Кореја истрела нов проектил

Северна Кореја истрела ракетата само неколку часа откако го критикуваше американскиот притисок за нови санкции поради неодамнешното лансирање проектил како „провокација" и предупреди на силна реакција.

Фото: ЕПА

Јужнокорејскиот заеднички стожер соопшти дека Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил, без да објасни детали. Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека Северна Кореја истрелала нешто што би можело да биде балистички проектил.

Северна Кореја ги брани своите ракетни експерименти како легитимно право на самоодбрана и вели дека САД намерно предизвикале ескалација на ситуацијата со воведување нови санкции, објавија државните медиуми претходно во петокот, цитирајќи го Министерството за надворешни работи.

Неодамнешниот развој на „нов тип оружје“ на Северна Кореја е само дел од нејзините напори за модернизација на одбранбените капацитети и не е насочен кон ниту една земја или безбедноста на соседните земји, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи, во соопштението пренесено од државната новинска агенција КЦНА.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе