Северна Кореја истрела две крстосувачки ракети од западниот брег

Северна Кореја рано утрово истрела две крстосувачки ракети од градот Ончон на западниот брег, според јужнокорејски воен извор.

Фото: ЕПА

Изворот додал дека јужнокорејските и американските воени власти ги анализираат деталите за летот на ракетата, вклучувајќи го и дострелот. Лансирањето се случува еден ден откако Сеул и Вашингтон почнаа четиридневни прелиминарни заеднички вежби како подготовка за долгоодложуваната теренска обука што ќе се одржи од 22 август до 1 септември.

Двата сојузници ги намалија заедничките воени вежби во последниве години поради ковид-19, а и за да ги стивнат тензиите со Северот, кој тврди дека вежбите се проби за инвазија.

Пентагон во вторникот соопшти дека САД, Јужна Кореја и Јапонија минатата недела учествувале во вежба за одбрана од балистички проектили во близина на брегот на Хаваите - прва таква вежба од 2017 година, кога односите меѓу Сеул и Токио паднаа на најниско ниво во последните години.

Пјонгјанг два месеци нема спроведено ракетно тестирање, со месеци се бореше со епидемијата на ковид-19 пред минатата недела да прогласи победа над вирусот. Сепак, се гледа дека Северна Кореја се подготвува за можна нуклеарна проба, која би била нејзина прва проба од 2017 година.

Во одделно соопштение за печатот издадено од Северна Кореја во четвртокот, сестрата на лидерот Ким Џонг Ун обвини дека пропагандните летоци од Јужна Кореја пронајдени во близина на границата ја предизвикале епидемијата на коронавирусот и вети смртоносна одмазда против Југот.

И покрај ваквите предупредувања, јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол во средата ја повтори својата подготвеност да обезбеди постепена економска помош за Северна Кореја доколку таа го запре развојот на нуклеарното оружје и почне со денуклеаризација, додека одговараше на прашања на прес-конференцијата по повод неговите први 100 дена од функцијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе