Северна Кореја истрела два балистички проектила

Северна Кореја истрела два балистички проектила од својот источен брег во Источното Море, потврди началникот на генералштабот на Јужна Кореја (ЈЦС).

Фото: ЕПА

Јапонија, исто така, извести дека е истрелан објект и дека е можно да се работи за балистички проектил.

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга ова го оцени за „срамно“, велејќи дека ги загрозува мирот и безбедноста во регионот.

Ова е веќе втор тест на оружје што Северна Кореја го спроведе оваа недела.

Не е јасно за каде биле наменети проектилите и колкав е нивниот дострел, но ЈЦС вели дека нивната војска е „во состојба на готовност и во тесна соработка со САД“.

Тестирањето на балистички проектили е во спротивност со резолуциите на ОН насочени кон спречување на нуклеарните активности на Северна Кореја.

Во понеделникот, Северна Кореја тестираше крстосувачки проектил со долг дострел, кој може да го погоди поголемиот дел од Јапонија, нарекувајќи го „стратешко оружје од големо значење“.

Експертите велат дека крстосувачкиот проектил можеби носел нуклеарна боева глава. Советот за безбедност на ОН забрани тестирање на таков вид оружје.

Но, балистичките проектили ги смета за поопасни бидејќи можат да носат поголеми и помоќни товари, да имаат далеку поголем дострел и побрзо да патуваат.

Северна Кореја се соочува со недостаток на храна и тешка економска криза, што доведе до прашања за тоа како сè уште е во состојба да развива оружје.

Земјата помина повеќе од една година во изолација. Голем дел од трговијата со нејзиниот најблизок сојузник, Кина, беше прекинат за да се спречи ширењето на короната.

Кинескиот министер за надворешни работи во среда ќе разговара со својот јужнокорејски колега во Сеул.

Најверојатно на дневен ред ќе биде програмата за оружје на Северна Кореја и застојот во преговорите за денуклеаризација.

Во март годинава, Пјонгјанг им пркосеше на санкциите и тестираше балистички проектили, што предизвика остри реакции од САД, Јапонија и Јужна Кореја.

Меѓутоа, минатиот месец, атомската агенција на ОН соопшти дека изгледа Северна Кореја лансирала реактор што може да произведува плутониум за нуклеарно оружје, нарекувајќи го тоа „длабоко загрижувачки“ развој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе