Северна Кореја истрела балистичка ракета пред нуклеарните разговори

Северна Кореја истрела балистичка ракета од подморница, јави денес Сеул, само неколку часа откако Пјонгјанг објави дека на 5 октомври ќе ги продолжи нуклеарните преговори со САД, кои од февруари се во застој, пренесе АФП.

Пјонгјанг честопати ги комбинира дипломатските преговори со воени потези, како начин да одржи притисок врз преговарачките партнери, велат аналитичарите, и изгледа верува дека овој систем на оружје му дава дополнителна моќ.

Со докажана ракетна способност од подморница арсеналот на Северна Кореја ќе се искачи на ново ниво, ќе им овозможи распоредување далеку преку корејскиот полуостров и можност за втор удар во случај на напад врз нејзините воени бази.

Заедничкиот штаб на јужнокорејската војска (ЈЦС) соопшти дека детектирале балистичка ракета истрелана во источен правец од море, северо-источно од севернокорејското пристаниште Вонсан.

За ракетата „се верува дека е една од моделите Пукуксонг“, се вели во соопштението на ЈЦС, повикувајќи се на линијата балистички проектили лансирани од подморници (СЛБМ) кои Северна Кореја ги развива.

Ваквите лансирања „не се корисни за напорите за олеснување на тензиите на Корејскиот полуостров и повторно ја повикуваме Северна Кореја веднаш да престане“, додаде ЈЦС.

Северна Кореја во август 2016 година спроведе успешен тест на Пукуксонг-1 на цврсто гориво, исто така позната како КН-11, при што леташе околу 500 километри.

Во јули, државните медиуми во Северна Кореја објавија слики на Ким Џонг Ун како врши инспекција на нов вид подморница, зголемувајќи ја загриженоста дека Пјонгјанг напредува со програмата СЛБМ.

Аналитичарите велат дека се верува дека ракетата била застрелана под висок агол, додавајќи дека најверојатно е балистичка ракета со среден дострел со реален опсег на лет од околу 2.000 километри.

„Лансирањето балистички проектили ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ние остро протестираме и остро го осудуваме“, изјави премиерот Шинзо Абе пред новинарите.

На Северна Кореја ѝ е забрането лансирање балистички ракети според резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе