Сеул изрази „големо жалење“

Северна Кореја испука три проектили со краток дострел кон Јапонија

Северна Кореја рано утринава испука три проектили со краток дострел од својот источен брег, соопшти војската на Јужна Кореја, два дена откако Сеул се закани дека ќе преземе „значајна“ акција во знак на протест поради претходната осуда на една нејзина воена вежба со боева муниција.

Сеул вели дека различни видови проектили се лансирани од источниот приморски град Сондок и дека прелетале дури 200 километри на максимална висина од 50 километри и паднале во водите меѓу Корејскиот Полуостров и Јапонија.

Јужна Кореја изрази „длабоко жалење“ поради лансирањето кое, како што кажа, го крши претходниот меѓукорејски договор за смирување на вените непријателства.

Јужнокорејскиот директор за национална безбедност, министерот за одбрана и шефот на разузнавачките служби одржале итна видео конференција и се сложиле дека акцијата на Северна Кореја не им оди во прилог на напорите да се воспостави мир на Корејскиот Полуостров, наведе јужнокорејската претседателска Сина куќа.

Генералниот секретар на кабинетот на премиерот на Јапонија, Јошиде Суга кажа дека се претпоставува дека Северна Кореја лансирала балистички ракети. Кажа дека повеќе севернокорејски проектили прелетале 100 до 200 километри, но дека ниеден не паднал во ексклузивната економска зона на Јапонија.

„Најновата акција на Северна Кореја, испукувањето балистички ракети, претставува сериозна закана за мирот и безбедноста на Капонија и сериозен проблем за целата меѓународна заедница“, кажа Суга.

Во последните десет дена Пјонгјанг соопшти дека лидерот Ким Џонг Ун надгледувал две рунди артилериски вежби што се првите проби на оружје од крајот на ноември.

Ким во оваа година влезе во ветување дека ќе го подобри потенцијалот за нуклеарно одвраќање и дека нема да го почитива мораториумот на тестирање оружје поради дипломатскиот ќорсокак со САД кои сакаат да го убедат Ким да се откаже од нуклеарната програма во замена за економска и политичка корист.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе