Северна Кореја испука ракета со краток дострел, прва по 2017 година

Северна Кореја испукала „непозната ракета со краток дострел“ или повеќе ракети во Јапонското Море, соопшти јужнокорејскиот воен врв, пренесуваат агенциите.

Пјонгјанг „ја испукал ракетата од Вонсан, на источниот брег, кон исток, утринава во 9 часот и шест минути (2:06 по средноевропско време)“, се наведува во соопштението на јужнокорејската војска. Јужна Кореја и Соединетите Држави „ги анализираат деталите околу ракетата“, се додава.

Денешното лансирање на неколку ракети со краток дострел од источниот брег е прво испукување на ракета од 2017 година, додека зајакнува притисокот врз Вашингтон по неуспехот на нуклеарниот самит, јавува Ројтерс.

Ракетите летале од 70 до 200 километри, соопшти јужнокорејската војска.

Ова е прво лансирање на ракета по ноември 2017 кога Северот испука интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) и објави дека го заокружил развојот на нуклеарните сили и им пружи рака на помирување на Сеул и Вашингтон.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вери дека нема повеќе да тестира нуклеарно оружје ни ИЦБМ ракети, но Пјонгјанг потоа сепак изврши тестирање на оружје.

Ким усчествуваше на два самити со американскиот претседател Доналд Трамп, а вториот се одржа во февруари во Виетнам, но не беше остварено придвижување во гаснењето на севернокорејската нуклеарна програма поради несогласувања околу затворањето на нуклеарните капацитети и укинувањето на санкциите.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе