Северна Кореја испука повеќе ракети со краток дострел во море

Северна Кореја испука повеќе противбродски крстосувачки ракети со краток дострел во Источното Море, објави јужнокорејската државна агенција Јонхап повикувајќи се на здружената команда на воените сили.

Крстосувачките ракети летале околу 150 километри, а во истата воена вежба учествувале и борбени авиони.

Северна Кореја веќе неколку недели спроведува воена вежба, вклучувајќи лансирања на балистички ракети со краток дострел во последните недели.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во неделата посетил воздухопловна база и ја надгледувал воената вежба. Пјонгјанг во март тестираше поголем број балистички проектили по тримесечната пауза.

На изолираната нуклеарна сила ѝ е забрането тестирање балистички проектили со резолуции на Обединетите нации. Наметнати ѝ се меѓународни санкции за да ја одвратат од продолжување на развојот на ракети кои можат да носат нуклеарни боеви глави.

Јужнкорејската војска го следи развојот на случувањата, а јужнокорејски и американски разузнавачки функционери спроведуваат понатамошни анализи на лансирањата.

Глобалната загриженост околу Северна Кореја порасна на крајот на 2019 кога Пјонгјанг им постави рок од една година на Соединетите Американски Држави да ги ослободат од санкциите и им се закани со „божиќен подарок“, што главно беше протолкувано како тестирање оружје доколку не им се исполнат барањата.

Ким Џонг Ун на 1 јануари најави дека светот ќе види „ново стратегиско оружје“ во блиска иднина.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе