Северна Кореја испука неидентификувани проектили и ги прогласи разговорите со Југот за „завршени“

Северна Кореја денеска лансираше најмалку два неидентификувани проектили во морето, според војската на Јужна Кореја.

Пјонгјанг го нарече претседателот на Јужна Кореја „дрзок“ и додаде дека меѓукорејските разговори се завршени.

Северот се побуни против заедничките воени вежби спроведени од Јужна Кореја и САД, кои почнаа минатата недела. Пјонгјанг ги опиша вежбите како вежбање за војна.

Северот испушти неколку проектили во морето во последните неколку недели, но Министерството за одбрана на Јапонија соопшти дека во последното лансирање не гледа непосредна закана.

„Неидентификуваните проектили“ беа лансирани синоќа и летаа околу 230 км на височина од 30 км, тврдат воени официјални лица од Јужна Кореја.

 

Северна Кореја ги прогласи разговорите за „завршени“

Лансирањата ги искомплицираа обидите за обнова на разговорите меѓу американските и севернокорејските преговарачи за иднината на нуклеарното оружје на Пјонгјанг и програмите за балистички ракети.

Овие разговори за денуклеаризација запреа и покрај напорите да заживеат на состанокот на 30 јуни меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

Губењето на импулсот во дијалогот меѓу Северот и Југот и ќор-сокакот во спроведувањето на ветувањата дадени на историскиот самит меѓу нивните двајца лидери минатата година, се целосно одговорност на Југот, изјави севернокорејски портпарол.

„Немаме што повеќе да разговараме со јужнокорејските власти, ниту пак имаме идеја повторно да седнеме со нив“, рече портпаролот на Комитетот за мирно обединување на земјата во соопштение што го пренесе официјалната новинска агенција КЦНА.

Американскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг Ун се состанаа двапати од првиот самит во Сингапур минатата година и рекоа дека нивните земји ќе ги продолжат разговорите.

Сепак, постигнат е мал напредок во програмата за денуклеаризација на Северот.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе