Ново тестирање

Северна Кореја испука два проектили кон Јапонското Море

Северна Кореја изврши нов ракетен тест, лансирајќи два проектили од својот источен брег кои паднале во Јапонското Море, јави јужнокорејската војска. Лансирањето е четврти таков тест овој месец.

Проектилите биле испукани утринава во 6:10 часот по локално време, летале околу 230 километри пред да паднат во водите на Јапонското Море, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Проектилите паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Последното вакво тестирање беше спроведено на 21 март. Врз основа на фотографиите кои ги објави севернокорејските државни медиуми аналитичарите тоа оружје го идентификуваа како балистички проектили КН-24.

Пјонгјанг месецов изведува воени вежби и покрај тоа што ја затвори границата и воведе карантин во обид да спречи епидемија на коронавирусот.

Политички и економски изолираната држава досега нема пријавено ниту еден случај на зараза, но странските експерите се сомневаат во веродостојноста на информацијата.

Кога почна воената вежба претходно во март, севернокорејските војници околу лидерот Ким Џонг Ун носеа заштитни маски за лице, но на фотографиите од 21 март беа без маски.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе