Северна Кореја испали најмалку два нови проектили

Северна Кореја испали најмалку два неидентификувани проектили во четвртокот од областа околу Вонсан на источниот брег на земјата, објави јужнокорејскиот генералштаб.

Проектилите прелетаа околу 430 километри, рече началникот на генералштабот, но детално не ја образложи изјавата.

Ова е прво пријавено лансирање на проектили откако американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретнаа во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи кон крајот на јуни.

Последното тестирање на оружје во Северна Кореја беше во мај и вклучуваше проектили со краток дострел и помали проектили. Ким тогаш го надгледуваше првиот лет на претходно непроверено оружје – релативно мали брзи ракети за кои експертите веруваат дека е полесно да се сокријат, да се лансираат и да се маневрира со нив во лет.

Државната новинска агенција КЦНА во вторникот објави дека Ким ја прегледувал големата новоизградена подморница во придружба на водачот на ракетниот програм. Со тоа можеби е сигнализирано продолжувањето на развојот на програмите за балистички ракети, објави Ројтерс.

Преговорите меѓу Северна Кореја и САД за денуклеаризација застанаа во февруари откако пропадна вториот самит меѓу Трамп и Ким во Виетнам.

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе