Северна Кореја го забрзува развојот на оружјето: „Злите санкции покажуваат дека сме на прав пат“

Северна Кореја порача денес дека ќе го забрза развојот на својата оружена програма како одговор на „злите санкции“ кои против земјата ги воведе Советот за безбедност на Обединетите нации по нејзиното последно и најголемо нуклеарна тестирање.

„Усвојувањето на уште една незаконска и штетна резолуција за санкции предводена од САД ѝ потврдува на Северна Кореја дека патот што го одбра е апсолутно вистинскиот“, соопшти севернокорејското министерство за надворешни работи.

„Северна Кореја ќе ги удвои напорите во насока на зголемување на својата сила за да ги заштити суверенитетот на земјата и правото на постоење“, истакнува корејското министерство.

Советот за безбедност на ОН изгласа едногласно во понеделникот осми пакет санкции за да го натера Пјонгјанг да се откаже од забранетите балистичка и нуклеарна програма и да седне на преговарачка маса.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе