За сума од милијарда долари

Северна Кореја го уценувала Израел за да не му продаде ракетна технологија на Иран

Книга напишана од поранешен високорангиран дипломат на Северна Кореја открива дека Пјонгјанг го уценувал Израел, со закана дека на Иран ќе му продаде ракетна технологија.

Како што тврди Тае Јонг Хо, кој пребегна во Јужна Кореја во 2016 година, Северна Кореја барала од Израел да им плати една милијарда долари во замена да не му ја продаде на Иран својата технологија за развој на балистички ракети, пренесува Вол стрит џурнал.

„Непристојната“ понуда била изнесена во 1999 година во кафе-бар во Стокхолм, кога се сретнале тогашниот севернокорејски амбасадор Сон Мун Си и неговиот израелски колега Гидеон Бен Ами.

Според тврдењата во книгата, Израел ја одбил понудата, но за два дена испратил нова, контрапонуда, на Северна Кореја да ѝ плати во храна.

Вол стрит џурнал наведува дека не успеал да добие потврда од двајцата амбасадори кои наводно учествувале во размената на понудите, но тоа го натера Вен Ами минатата недела да изјави за израелските медиуми дека, за време на амбасадорскиот мандат, имал неколку тајни средби со севернокорејски дипломати, и тоа во периодот од 1999 до 2002, кои ги иницирал Пјонгјанг.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе