Северна Кореја го критикуваше „воениот манијак“ Болтон

Северна Кореја го критикуваше денес американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон, нарекувајќи го „воен манијак" кој треба да биде протеран, додека претседателот Доналд Трамп претстави позитивен став за односите со Пјонгјанг.

Разговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг се во застој од пропаднатиот самит меѓу Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, во Ханој во февруари, кога тие не успеаја да постигнат договор за денуклеаризација.

Северна Кореја оттогаш се обидува да го зголеми притисокот и претходно овој месец спроведе два ракетни тестови со краток дострел.

Болтон во саботата рече дека „нема сомнеж“ дека ги прекршиле резолуциите на Советот за безбедност на ОН со лансирањето балистички ракети, но инсистираше на тоа дека Вашингтон сè уште е подготвен да ги продолжи разговорите.

Портпаролот на северното Министерство за надворешни работи ги отфрли забелешките на Болтон, велејќи дека Пјонгјанг никогаш не ги прифатил забраните на ОН за балистичка технологија, со што се негираат нивните „права како суверена нација“.

„Болтон рече дека нашите редовни воени вежби ги прекршиле резолуциите на Советот за безбедност на ОН, што е и повеќе од глупаво“, рече тој во изјавата што ја објави државната агенција КЦНА, пренесе АФП.

Без да го именува оружјето како проектили, во соопштението се наведува дека лансирањето не целело ниту претставувало закана за било која соседна земја.

„Забраната за лансирања со користење на балистичка технологија е еднакво на тоа да ни се каже да се откажеме од нашето право на самоодбрана“, додаде тој.

Портпаролот продолжи да го критикува Болтон, нарекувајќи го „воен манијак“ кој развил различни „провокативни политики“ против Северна Кореја откако ги означил како дел од Оската на злото заедно со Иран и Ирак во 2002 година.

Тој го обвини агресивниот функционер за започнувањето на војната во Ирак и водењето напори да се отфрли Договорот за нуклеарни сили од среден дострел меѓу САД и Русија „кој служеше како гаранција за мир во Европа неколку децении“.

„Неодамна, ја оправда својата озлогласеност како воен манијак, вложувајќи големи напори за да започне уште една војна на Блискиот Исток и Јужна Америка“, додаде портпаролот.

„Не е случајно што Болтон го критикуваат за воен манијак, кој шепоти војна во ушите на претседателот, иако тој избегнал воена служба велејќи дека не сака да умре во оризово поле во Југоисточна Азија“, додаде тој.

Болтон работи да ги „униши мирот и безбедноста“ додаде тој.

„Таквиот дефектен човек мора да замине што е можно поскоро“, рече портпаролот.

Изјавата дојде само неколку минути откако Трамп - во посета на Јапонија - рече дека има „големо почитување“ меѓу САД и Северна Кореја и предвиде „многу добри работи“.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе