По бегството на дезертерот Северна Кореја ги замени војниците, а Јужна Кореја додели медали

Северна Кореја, наводно, ги замени чуварите и го зацврсти делот од својата граница со Јужна Кореја, каде што минатата недела севернокорејскиот војник пребегна, додека јужнокорејските и американските војници се наградени за нивната улога во спасувањето на дезертерот.

Севернокорејскиот дезертер беше застрелан и повреден од страна на неговите колеги војници, додека пребегнуваше на јужнокорејската страна од Заедничката безбедносна зона.

Војниците од Јужна Кореја и САД, кои го водеа обидот за спасување на сериозно повредениот војник на безбедно, добија медали, според американските сили во Јужна Кореја.

Група високи дипломати со седиште во Сеул ја посетија Заедничката безбедносна зона во средата изутрина, каде што видео пет севернокорејски работници кои копаат длабок ров во областа каде што војникот пребегна откако неговиот џип заглави во мал ров, денес за Ројтерс изјави член на дипломатската делегација.

На фотографијата од посетата постирана на твитер профилот на американскиот амбасадор во Јужна Кореја, Марк Кнапер, може да се види како севернокорејските работници со лопати копаат длабок ров на севернокорејската страна од линијата додека војниците чуваат стража.

„Работниците беа внимателно следени од страна на чуварите, не само тие кои се на фотографиите, туку и другите кои се вон дофат позади зградата“, рече дипломатот, кој побара да не биде именуван поради чувствителноста на ситуацијата.

Според официјален претставник на разузнавачката служба, цитиран од новинската агенција Јонхап на Јужна Кореја, Северна ги заменила 35-40 војници што ја чувале Заедничката безбедносна зона за време на инцидентот.

„Внимателно го следиме движењето на севернокорејската армија во Заедничката безбедносна зона“, изјави претставник на Министерството за одбрана на Јужна Кореја за новинарите, без да го потврди намалувањето на граничните чувари. „Постојат ограничувања за тоа што можеме да кажеме за работите што ги знаеме“.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе