Северна Кореја ги тера затворениците да копаат јаглен за извоз

Северна Кореја ги приморува политичките затвореници, вклучувајќи и деца, да работат во рудници за јаглен за да произведат доволно стока за извоз и да соберат пари за својата програма за нуклеарно вооружување, тврди јужнокорејска група за човекови права.

EPA-EFE

Граѓанската алијанса за човекови права во Северна Кореја со седиште во Сеул ги анализирала експлоатацијата на затворениците во Северна Кореја, производството на стока за извоз и програмата за вооружување.

Во извештајот се наведува дека Пјонгјанг спроведува пирамидална шема на приморување на затворениците да копаат одредени квоти јаглен и други материјали за извоз.

Обединетите нации го забранија извозот на јаглен од Северна Кореја во обид да го спречат финансирањето на нуклеарната програма на Пјонгјанг, но трговија и понатаму има, а организациите за заштита на човековите права предупредуваат дека во производството често се кршат човековите права на затворениците.

ОН проценуваат дека во работните логори, од кои голем број се во близина на рудниците за јаглен, има 200.000 затвореници и дека тие често се подложени на мачење, силување, дека ги изгладнуваат и нехумано ги третираат.

Во извештајот на Алијансата од Сеул се наведува дека затворениците – мажи, жени и деца – мораат да копаат јаглен за да се извезува, а дека затвореничките логори ги контролира тајна полиција која јагленот го извезува преку Бирото 39, тајниот фонд на семејството на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе