Се заканува дека ќе ги сопре разговорите со САД

Северна Кореја ги прекина разговорите со Јужна поради воени вежби на Сеул и Вашингтон

Северна Кореја го откажа самитот со Јужна Кореја и се закани дека ќе го откаже и самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг Ун поради американски воени вежби со Јужна Кореја, објавија медиумите во Јужна Кореја.

Пјонгјанг ги откажа разговорите со Сеул поради тековните воени вежби „Макс тандер“ на Јужна Кореја и САД, јави новинската агенција Јонхап, цитирајќи ги севернокорејските медиуми.

Северот ги опишува вежбите како генерална проба за инвазија на ДПКР и како провокација во услови на затоплување на меѓукорејските односи.

Франс прес објави дека Северна Кореја се заканила и дека ќе го откаже долгоочекуваниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Пред само неколку часа Сеул и Пјонгјанг се согласија да одржат разговори на високо ниво меѓу двете Кореи на 16 мај. Лидерите планираа да разговараат за чекорите потребни за следење на планот за демилитаризација на полуостровот.

Вежбите Макс тандер се едни од многубројните заеднички воени вежби спроведени од Јужна Кореја и САД на Корејскиот Полуостров. Северна Кореја одамна ги гледа овие вежби како агресија кон Пјонгјанг.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе