Северна Кореја ги предупреди САД: „Скапо ќе платите“

Северна Кореја одговори денес на критиките на САД за состојбата на човековите права во земјата и порача дека „злобните зборови" на Вашингтон само ќе ги засилат тензиите на Корејскиот Полуостров, јави новинската агенција КЦНА.

САД би можеле „скапо“ да платат за критикувањето на севернокорејската влада за кршење на човековите права, се вели во соопштението на портпаролот на Министерството за надворешни работи, пренесе Ројтерс.

Генералното собрание на ОН во средата го осуди „долготрајното и континуирано“ кршење на човековите права во Северна Кореја во својата годишна резолуција поддржана од бројни земји, вклучително и САД, што беше отфрлено од амбасадорот на Пјонгјанг во ОН.

Тоа е прво соопштение на севернокорејското министерство за надворешни работи откако американскиот специјален претставник за Северна Кореја Стивен Биган во понеделникот го повика Пјонгјанг да се врати на преговори.

Немаше директен одговор од Северна Кореја на барањето на Биган.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе