Северна Кореја ги одбива понудите за ковид-вакцини

Јужнокорејската разузнавачка агенција вели дека ниеден лидер не е вакциниран.

Фото: ЕПА

Северна Кореја ги одбива донациите на ковид-вакцини од други земји, а самиот Ким Џонг Ун веројатно сѐ уште не е невакциниран, според јужнокорејската шпионска агенција.

Јужнокорејските законодавци велат дека Националната разузнавачка служба во четвртокот им соопштила на пратениците дека нема знаци дека лидерот е вакциниран и дека земјата се штити со чување на границата за да се спречат зарази, пренесува АП. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во средата изјави дека Русија во неколку наврати ѝ понудила на Северна Кореја вакцини, но понудата не била прифатена. Програмата КОВАКС, поддржана од ООН, одвои 1,9 милиони дози за земјата, но пратката не е доставена, а УНИЦЕФ вели дека не е јасно кога може тие да бидат испорачани.

Други експерти, сепак, сметаат дека Ким и други високорангирани Севернокорејци можеби веќе примиле вакцини преку неофицијални канали. Еден американски аналитичар, повикувајќи се на извори од јапонските разузнавачи, минатата година за Ројтерс изјави дека Ким примил експериментална кинеска вакцина. Експертите велат и дека неволноста на Пјонгјанг да прифати вакцини од странство „може да се должи на недостигот од ладилници за транспорт на вакцините и стравот од пуштање странци да го следат вакцинирањето“.

Северна Кореја тврди дека досега немала заразени со ковид, иако Ким неодамна предупредил дека една „голема криза“ може да доведе до недостиг од храна. Блумберг објави дека шпионската агенција на Јужна Кореја рекла дека Ким неодамна ослабела до 20 килограми, но верува дека слабеењето е резултат на нова диета, а не на какви било здравствени проблеми.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе