По самитот

Севернокорејските медиуми ликуваат поради отстапките на Трамп за воените игри

Севернокорејските државни медиуми денес го пофалија самитот меѓу Ким Џонг Ун и Доналд Трамп како голем успех, нагласувајќи ги отстапките на американскиот претседател и можноста за нова ера на мир и просперитет на Корејскиот полуостров.

Ким Џонг Ун соопшти дека „итно" е неопходно Северна Кореја и САД да прекинат со „иритирачките и непријателски воени акции едни против други".

Ова го наведе за време на разговорите со претседателот на САД Доналд Трамп, соопшти националната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА.

Во извештајот на севернокорејската агенција се наведува дека Ким рекол дека Трамп го „разбира“ и ветил дека ќе ги запре американските и јужнокорејските воени вежби за време на преговорите со Северна Кореја овозможувајќи ѝ безбедносни гаранции како и дека ќе ги укине санкциите против неа со подобрувањето на односите, пренесе Ројтерс.

Американскиот претседател на прес-конференцијата во вторникот изјави дека би сакал да ги укине санкциите против Северна Кореја, но тоа нема да се случи веднаш.

Ким и Трамп се поканија еден со друг во своите земји и двајцата водачи „со задоволство ги прифатија“ поканите, објави КЦНА.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе