Северна Кореја е спремна да ги обнови нуклеарните преговори со САД

Северна Кореја соопшти дека е спремна да ги обнови нуклеарните преговори со САД на крајот на септември, но предупреди дека шансите за постигнување договор ќе исчезнат ако Вашингтон не примени нов пристап во преговорите.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се согласи на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп на 30 јуни повторно да ги придвижи разговорите прекинати по неуспешниот самит во февруари во Ханиј, но тоа сѐ уште не се случи и покрај повторените повици од Вашингтон.

Заменичката на севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи кажа дека Пјонгјанг е спремен на „сеопфатна расправа“ со САД на крајот на септември, сопшти државната новинска агенција КЦНА.

Портпаролката на Стејт департментот кажа дека „во моментов нема најавени средби“.

Во неделата американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази надеж за продолжување на разговорите за денуклеаризација со Северна Кореја во претстојните денови или недели.

Чое истакна дека Вашингтон треба да претстави нов пристап кон преговорите или тие повторно ќе се распаднат.

„Сакам да верувам дека САД ќе дојдат со алтернатива која ќе им одговара на интересите на двете страни, а нам ќе ни биде прифатлива“.

„Ако Американците играат по старото сценарио кое нема да има никаква врска со новата метода на работни преговори по досегашните тешкотии, тогаш можеби нема да дојде до договор“, предупреди Чое.

Во април Ким на САД им даде рок до крајот на годината да покажат поголема флексибилност во преговорите кои се распаднаа во февруари по американското барање Северна Кореја да се откаже од своето нуклеарно вооружување и барањето на Пјонгјанг да се ублажат меѓународните санкции предводени од САД.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе