КОНЕКЦИЈАТА АКТИВИРАНА НА 1 ОКТОМВРИ

Северна Кореја доби втора интернет врска преку руска фирма

Руската компанија воспостави интернет врска со Северна Кореја, и ова е втора врска што ја има Северна Кореја по конекцијата со Кина, што би можело да ги загрози напорите на САД за изолирање на земјата.

Активирањето на новата линија од Транс Телеком за првпат беше детектирана од страна на аналитичарите на Дин Рисерч, кои ја следат глобалната интернет конекција, јави АФП.

Северна Кореја има интернет врска со кинеската фирма Уником и е прва интернет врска на Северна Кореја со некоја странска земја.

Аналитичарите велат дека новата врска им дава на Пјонгјанг поголеми шанси да се спротивстават на можните сајбер напади.

Властите на Јужна Кореја соопштија дека северниот сосед има единица од околу 6.800 експерти против сајбер-напади и дека се сомневаат дека таа единица го извршила хакерскиот напад во 2014 година против Сони Пикчерс (Sony Pictures).

Но, со само еден интернет-провајдер, режимот често беше ранлив на надворешни сајбер-напади против сопствената мрежна инфраструктура.

Северна Кореја претрпе неколку неуспешни интернет конекции - некои траеа и со часови - кратко време по нападот на Сони, за кој многумина се сомневаа дека е американска одмазда.

Со алтернативната рута од Русија, „можноста за исклучување на Северна Кореја од интернет едноставно стана многу потешко“, рече Брус Боланд главниот технолошки службеник за сајбер-безбедност на Азија-Пацификот на фирмата Фајрај (FireEye).

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе