Нови закани

Северна Кореја: Цела територија на САД ни е во дострел, војна може да избие во секој момент

Амбасадорот на Северна Кореја во Обединетите нации изјави дека нуклеарна војна може да избие „во секој момент“.

САД и Јужна Кореја почнаа заеднички воени вежби на воената морнарица крај западниот и источниот брег на полуостровот. Вежбите вклучуваат подготовки за евакуација во јужна Кореја, а се едни од најбројните досега. Северна Кореја ги смета за „вежбање инвазија“ на својата територија.

Севернокорејскиот амбасадор Ким Ин Рјонг изјави дека неговата држава станала „целосна нуклеарна сила која поседува ракети со различни дострели“ и предупреди дека „САД се целосно во нашиот дострел“.

„Додека никој не учествува во воените акции на САД против Северна Кореја, немаме намера да се закануваме или користиме нуклеарно оружје против која било друга држава“, додаде амбасадорот.

„Тие само блефираат до екстреми и сметаат дека тоа ќе ги загрижи луѓето и ќе ги сопре постапките на САД и Јужна Кореја“, изјави за Блумберг експертот за одбрана Брус Бенет.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави во неделата дека претседателот Трамп сака разговорите со Северна Кореја да продолжат „додека не падне првата бомба“. Трамп би требало да го посети регионот на почетокот на следниот месец.

Американскиот адмирал и командант на пацифичките единици Хари Харис предупреди денес дека ситуацијата во Северна Кореја е „рецепт за катастрофа“. Тој кажа дека Кина мора да го засили својот притисок, а САД и понатаму ќе ги разгледуваат воените опции.

„Комбинацијата од нуклеарни глави и балистички ракети во рацете на сутниот Ким Јонг Ун е рецепт за катастрофа. Многумина сметаа дека воените опции против Северна Кореја се незамисливи. Луѓе, јас морам да го замислам незамисливото“, кажа Харис.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе