За претстојните ЗОИ

Северна и Јужна Кореја ќе го формираат првиот заеднички олимписки тим, ќе маршираат под едно знаме

Северна и Јужна Кореја се согласија да формираат унифициран женски хокејски тим за претстојните Зимски олимписки игри и на свеченото отворање да маршираат под унифицирано знаме, според заедничката изјава.

Северна Кореја треба да испрати делегација што ќе се состои од околу 550 члена, вклучувајќи 230 навивачи, 140 уметници и 30 таеквондо борци, во јужнокорејскиот главен град Сеул на 25 јануари.

Денешниот договор значи дека ова ќе биде првпат за 27 години да се состави заеднички корејски спортски тим, од Светското првенство во пинг-понг во 1991 година и Светското младинско првенство на ФИФА, како и прво во историјата на Олимписките игри.

„Спортистите од двете Кореи досега марширале заедно на меѓународни спортски настани околу девет пати“, рече јужнокорејскиот министер за култура, спорт и туризам До Јонг-ван во понеделникот, пренесе Чосун Илбо. „Мирот на Корејскиот Полуостров преку спортот е вредност кон која се стреми и Олимпијадата“.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе