Северен тек 2 би можел да почне со работа и без сертификат, со казна од „не повеќе од милион евра“

Гасоводот Северен тек 2 би можел, под одредени околности, да почне да работи и пред завршувањето на процесот на сертификација, пишува германскиот весник Ханделсблат.

EPA-EFE

Изворите на кои се повикува весникот укажале дека постојат примери гасоводи да биле пуштани во работа пред да добијат сертификат, потсетувајќи на проектите НЕЛ и ЕГЛ 401.

Според проценките на германската федерална мрежна агенција БНА, во таква ситуација казната би изнесувала „не повеќе од милион евра“.

„Тоа е прифатлива сума. Инвестициите во изградбата на Северен тек 2 се мерат во десетици милијарди евра“, се наведува во написот на германскиот весник, истакнувајќи дека ваквото сценарио би можело да биде привлечно за операторот на гасоводот имајќи ги предвид високите цени на гасот.

„Благодарение на тоа Газпром ќе заштеди на исплатите за транзитот на гасот преку Украина“, истакнува весникот.

БНА, меѓутоа, смета дека претходните преседани се неспоредливи со рускиот проект.

Сертификацијата на Норд стрим 2 АГ како независен оператор на гасоводот е во тек. Процесот се одвива во две фази: прво германскиот регулатор прави нацрт одлука, а потоа ја проценува Европската комисија. Целиот процес може да трае неколку месеци. Берлин од Москва веќе ја добил целосната документација.

Германската федерална мрежна агенција веќе ѝ издала дозвола на полската компанија ПГНиГ за учество во сертификацијата, а барање за учество во овој процес поднела и компанијата оператор ГТС на Украина (ОГТСУ).

Варшава сака да потврди дали операторот одговара на барањата на Третиот енергетски пакет на ЕУ, на кој подлежат компаниите кои се бават со производство и транспорт на гас.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе