Ако истекувањето на гасот на двете линии на гасоводот не биде брзо поправено, големите количества морска вода кои влегуваат во цевките ќе предизвикаат корозија, изјави извор од германската влада за весникот Тагесшпил.
Сеизмолозите вчера пријавија дека регистрирале повеќе експлозии во Балтичкото Море, по кои беше откриено истекување гас од гасоводите Северен тек 1 и 2. Истекување е пријавено на три места во цевките кои се полни со природен гас.
Иако руски гас по гасоводите Северен тек во моментов не ѝ се испорачува на Европа, значителното оштетување на гасоводот значи дека оваа зима по него веројатно нема да потече гас кон Европа, дури и ако за тоа има политичка волја, наведуваат аналитичарите.